Изјава за безбедност на онлајн плаќањата

При плаќањето во нашата веб-продавница користите CorvusPay – напреден систем за безбедно прифаќање на платежни картички преку интернет. Системот CorvusPay обезбедува целосна доверливост на Вашите податоци од картичката и личните податоци уште од моментот кога ќе ги внесете во платниот формулар на CorvusPay. Податоците за плаќање се пренесуваат шифрирано од Вашиот веб-прелистувач до банката што ја издала Вашата картичка. Нашата продавница никогаш не доаѓа во контакт со целосни податоци за Вашата платежна картичка. Исто така, податоците се недостапни дури и за вработените во системот CorvusPay. Изолираното јадро самостојно ги пренесува и управува со чувствителните податоци, чувајќи ги притоа целосно безбедни.

Формуларот за внесување на податоци за плаќање е обезбеден со SSL транспортна шифра со највисока доверливост. Сите складирани податоци се дополнително заштитени со шифрирање, користејќи криптографски уред сертифициран според стандардот FIPS 140-2 Level 3. CorvusPay ги исполнува сите барања поврзани со безбедноста на онлајн плаќањата пропишани од страна на водечките брендови на картички, односно работи во согласност со нормата – PCI DSS Level 1 – највисок безбедносен стандард во индустријата за платежни картички. При плаќање со картички вклучени во програмата 3-D Secure, Вашата банка покрај валидноста на самата картичка, дополнително го потврдува и Вашиот идентитет со помош на токен или лозинка.

Corvus Pay сите собрани информации ги смета за тајна и ги третира во согласност со тоа. Информациите се користат исклучиво за целите за кои се наменети. Вашите чувствителни податоци се целосно безбедни, а нивната приватност е загарантирана со најмодерни заштитни механизми. Се собираат само податоците неопходни за извршување на работата во согласност со пропишаните барани процедури за онлајн плаќање.

Безбедносните контроли и оперативните процедури применети на нашата инфраструктура ја обезбедуваат моменталната доверливост на системот CorvusPay. Покрај тоа, со одржување на строга контрола на пристапот, редовно следење на безбедноста и длабински проверки за спречување на ранливост на мрежата, како и со планско спроведување на одредбите за информациска безбедност, трајно се одржува и унапредува степенот на безбедност на системот преку заштита на Вашите податоци од картичките.

Ви благодариме што го користите CorvusPay!